Бикрам Чудури е самопрогласен пронаоѓач на таканаречената ,,жешка” јога, во која вежбањето се изведува во просторија загреана до 40 степени Целзиусови.
Речиси половина век, тој е синоним за јога и се залагал за ,љубов, среќа и мир, ,,лекувајќи” болни и им давал надеж на оние кои веќе ја немале. Но, зад тоа е внимателно конструираната фасада, која сè уште не е целосно срушена. Новиот документарен филм „Бикрам: јога, гуру, предатор“ на премиерно се прикажува денес на „Нетфликс“, при што режисерката Ева Орнер го детализира профилот на сериски силувач кој сè уште има голема армија од фанови ,додека самиот тој е во бегство.
Бикрам е 75-годишен Индиец, кој кога пристигнал во САД во 1970-тите, започна да ја подучува наводно оригиналната јога на бикарм, која се состои од 26 асани и две вежби за дишење.
Претставата изгледа вака: Бикрам облечен само во црни Speedo гаќички и златен Rolex изговара специјално дизајниран „дијалог“ што ги води неговите ученици низ програма за вежбање.
Жешката јога била наводно специјално измислена за да го имитира времето во Индија, и така тој се здоби со популарност на почетокот на овој век, кога се чинеше како секоја друга јога да ја имитира оваа посебна јога.
Многу познати личности станаа промотори на бикам јогата, од Џенифер Анистон, Мадона до Лејди Гага. Бикрам тврди дека го излечил поранешниот американски претседател Ричард Никсон, кој пак му дал за возврат зелен картон. За него се вели дека победил на државни натпревари за јога, нарекувајќи се себеси комбинација на Мајка Тереза и Хауард Стерн.
Бикрам наскоро бил на врвот на светот. Наскоро создал франшиза, а сите што сакале да станат тренери за жешка јога, прво требало да поминат обука кај Бикрам во траење од девет недели, да поминуваат скоро 24 часа на ден со него, и да платат 12.500 до 16.600 долари за сертификатот , кој ќе го повторуваат на секои три години. Само во САД, отворени се 650 студија од неговите ученици, со стотици други во Европа, Азија и Австралија. Цената за отворање на едно студио изнесува околу 10.000 американски долари.
Набргу Бикрам станал мултимилионер кој можел да стори се што сака. Еден од луѓето што паднал на неговиот шарм е и Џил Лолер, која во 2012 година, како 18-годишна, го молела Бикрам да и ’дозволи да тргне на курс за обука на наставници, иако била премлада . Бикрам се сожалил и таа го поминала курсот во Лас Вегас. За вереме на обуката тој ја силувал и сексуално злоставувал младата девојка , која подоцна почнала да раскажува за ужасите низ кои минувала.
Детали за вистинскиот лик на Бикрам почнале да излегуваат на површина. За време на тренинзите, тој честопати би издвоил жени – ако му се допаѓаат, кои требало да го масираат сè додека прстите на нозете додека тој гледал филмови од Боливуд. Доколку не можел да најде привлечни, ментално ќе ги злоупотребувал и омаловажувал оние кои плаќале за неговите часови.
Бикрам одговори на обвинувањата со цитирање на Петтиот амандман, кој ги штити граѓаните од, меѓу другото, сведочење против себе. Тој само изјави во стил на култен водач: „Зошто да ги малтретирам жените? Па, луѓето би дале милион долари само за капка од мојата сперма “.