Во групата на Фејсбук „Greek Gateway“ се појавила интересна фотографија од Грција.
Некој ја фотографирал таблата со менито на ресторанот, па покрај цените на пијалоците и храната на крајот е напишано дека се нуди “бесплатна жена“. Всушност сакале да напишат бесплатен интернет или WiFi, но некој по грешка напишал WIFE што значи жена.
Корисниците на интернет не можеле да престанат да се шегуваат поради оваа грешка.
Еден прашал дали таа жена знае да приготви мусака, а една жена се распрашала каде има бесплатен маж.