Можете ли да замислите дека нешто што е слатко и неодоливо по вкус, е и исклучително здраво? Такво нешто навистина постои. Станува збор за мешавина од две состојки – паста од сусам, попозната како таан, и мед!
Овој природен лек може да ви помогне да го подобрите вашето здравје и да спречите бројни болести.
Покрај тоа што мешавината од таан и мед е многу вкусна, таа е и одличен извор на бројни антиоксиданти, витамини и минерали од Б-групата, како што се железо, цинк, фосфор, магнезиум, калциум и бакар.
Таанот, кој е одличен извор на растителни протеини, витамини, минерали и омега-3 масни киселини, во синергија со медот и неговите моќни антиоксидантни и антибактериски својства навистина може да направи чуда не само за вашето здравје, туку и за вашето расположение.
Има бројни придобивки од таанот и медот за човековиот организам, а само некои од нив се елиминирање на заморот и лошото расположение, зголемување на издржливоста и подигање на виталната енергија.
Како да го направите дома
Состојки
• 300 гр таан или мелена паста од сусам;
• 300 гр мед.
Измешајте ги состојките. По желба во смесата можете да додадете и сечкани јаткасти плодови како лешници, бадеми, ореви или ф’стаци.
Да се чува во фрижидер. Секој ден земајте по една или две лажици од оваа супер здрава смеса (1 кафена лажичка е доволна за деца).
Иако и таанот и медот се течни, кога ќе ги измешате, тие се стврднуваат во маса слична на пластелин. Благодарение на ова, од оваа смеса можете да формирате топчиња и да ги извалкате во сусам.
На овој начин ќе добиете и одличен деликатес познат како пастели, кој се споменува и во Хомеровата Илијада. Ова се вистински мали енергетски бомби, кои се одлични поттикнувачи на расположението.
Придобивки од мешавината од таан и мед
Го ублажува хроничниот замор и го подига нивото на енергија
Благодарение на бројните витамини и минерали кои ги содржат медот и таанот, со земањето една до две лажици од оваа смеса може да се ослободите од хроничниот замор и да го зголемите нивото на енергија.
Овој сладок лековит микс содржи витамини Б1 (тиамин) и Б6 (пиридоксин) кои се клучни за подигање на енергијата.
Го подобрува расположението и ги ублажува симптомите на депресија
Медот и таанот се исто така одлична храна за оние кои сакаат да го подигнат расположението.
Една неодамнешна студија објавена во Clinical Journal of Nutrition ги покажала поволните ефекти на сусамот и медот кај пациенти со депресија, атеросклероза, хипертензија и мултиплекс склероза.
Познато е дека медот делува како еден вид природен антидепресив и анксиолитик.
Помага при непријатна кашлица
Комбинацијата од мед и таан е одлична природна помош за настинка придружена со кашлица.
Таквото дејство се должи на бројните антиоксиданти, витамини и минерали кои ја зајакнуваат одбраната на организмот и помагаат побрзо да се справите со непријатните симптоми.
Медот, исто така, има антибактериско дејство и како експекторанс поттикнува елиминација на вишокот слуз од телото.
Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Поради богатството од здрави масти, таанот е навистина одличен лек за срцето и крвните садови.
Калциумот, калиумот и магнезиумот во семето од сусам помагаат во намалување на крвниот притисок, што исто така ги одржува здрави срцето и крвните садови.
Сусамот може да се пофали со уште две состојки кои се важни за срцето, имено сесамин и сезамолин, кои делуваат како антиоксиданти и кои исто така помагаат во регулирањето на крвниот притисок.
Ги зајакнува коските и забите и помага во спречување на анемија
Благодарение на изобилството на манган и калциум, сусамот и медот придонесуваат за цврстина на коските и забите.
Со оглед на тоа што е одличен извор на железо, мешавината од таан и мед особено им се препорачува на жените бидејќи помага во спречување на анемија.