Овој лек се споменува во “Илијада” на Хомер, а неверојатниот вкус е воедно и лековит. Оваа супер моќна мешавина се состои од само 2 состојки.
Кога ќе изедете една лажичка од оваа смеса, во телото ќе внесете цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и бројни витамини, особено оние од групата Б, а речиси сите се клучни состојки кои му се неопходни на телото.
Според истражувањата, оваа комбинација од природни состојки е ефикасна во регулирање на мастите во крвта и холестеролот. Покрај тоа што го регулира високиот крвен притисок и аритмијата, оваа мешавина ја подобрува и циркулацијата на крвта и лимфата, со што се добива дополнителна енергија по напорниот работен ден.
Некои студии покажуваат дека редовната употреба на овој стар лек може да ги реши проблемите со хроничниот умор, анксиозноста и депресијата, а исто така го намалува и ризикот од атеросклероза и мултиплекс склероза.
Содржи дури 182 елементи кои се корисни за човековото тело, а има и висока концентрација на антиоксиданси кои спречуваат развој на карцином и други тешки болести.
Оригинален рецепт:
300 грама таан
300 грама природен мед
Подготовка: во сад измешајте ги таанот и медот, а можете да додадете и сецкани ореви, бадеми, ф’стаци или лешници. Смесата ставете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер.
Консумирајте од 1. до 2. лажички од оваа смеса секој ден, а на децата им е дозволено да земаат 1. лажичка секое утро.