Еден мештанин на грчкиот град Ксанти кој претходниот ден бил покриен со снег, дошол на идеја да ги искиристи снежните врнежи и на своите сограѓани да им продаде топки од снег.
Имено, досетливиот ‘“бизнисмен во обид“ го натоварил својот камион со снег и почнал да продава снежни топки по не баш поволна цена, од половина евро.
Она што беше интересно и невообичаено е картонот ставен на врвот од снегот на кој пишуваше „Една топка 0,50 евра“.
Камионот го паркирал во најпроментната улица во градот, и единствено што му преостанало е да гледа како се топи снегот во камионот бидејќи не продал ниедна топка.
Инаку, една регионална телевизија од северот на Грција дури излегла со коментар дека оваа идеја сега „ќе ја прифатат и други и поради конкуренцијата цената на топка снег ќе падне на 0,10 евра“.