Министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба, предлага размена на скулптури, така што Грција би го земала споменикот на Александар Македонски, познат како Воин на коњ, а во замена ја нуди познатата скулптура „Дромеас“ (Тркач) .
Станува збор за една од најпознатите атракции во Атина, направена е во 1994 година од стакло и железо и висока е 12 метри. Автор на скулптурата е познатиот уметник Костас Вароцос. „Тркачот“ веќе еднаш беше преместен. Првично беше поставен на плоштадот „Омонија“, но кога почнала изградбата на метрото поради стравот дека од тресењето и вибрациите од градежните активности може да се оштети, е преместена на споменатиот плоштад кај Хилтон.
Како што пишуваат грчките медиуми, во согласност со Договорот од Преспа, грчката министерка предлага „Дромеас“ да биде сместена на централниот плоштад во Скопје, на местото на Александар Велики.