Екс претаничката Солза Грчева, со реакција за промената на името на улица во Чаир.
„ Очекувам една улица во Холандија да биде крстена со моето име. Сум живеела и работела таму некоја година.
Ете толку има врска со Македонија Адем Демачи, косовски Албанец, борец за Голема Албанија.
Втората македонска ударна бригада летна од историјата, како што набргу ќе лета се што е поврзано со антифашистичката борба.
Но, доста со плачење. Никој не ни е крив. Се сети некој да именува нешто по имињата на масакрираните од Вејце, Карпалак, полицајците од Диво Насеље? Или се плашиме да не го нарушиме “братството и единството“, фалсификувајќи ја и запретувајќи ги во заборав оние кои ја бранеа државата.“ напиша таа.