Дефинитивно Грција оваа година ќе биде скапа туристичка дестинација според цените на плажите веднаш по нивното официјално отворање.
Имено, на плажата Астерас Вуjагменис во атинското предградие со исто име, сетот лежалки стана значително поскап поради новите задолжителни правила на однесување на плажите.
Значи, сега две лежалки и чадор чинат дури 80 евра, а плажата не прифаќа ниту еден човек повеќе од тоа што е предвидено.
Ако земете дете со вас, тогаш ќе платите 100 евра, а ако сте сами повторно 80 како за двајца.
Секој пат кога ќе се испразнат лежалките, вработените веднаш ги дезинфицираат за да може да дојде следниот корисник.
На влезот, персоналот носи маски и покрај високите температури, а социјалното растојание мора да се почитува.
На плажа има само еден бар што нуди кафе за носење, сокови и спакувана храна, како што се бара со новите правила на грчката влада.