Грција е на нозе откако завчера, по завршување на училиштето, исчезнала 10-годишното девојче Маркела во Солун.
Според наводите на пријателите од одделението, на 10-годишното девојче му пришла црвенокоса жена, ја повикала по име и исчезнала со неа во непозната насока. Тоа на полицијата им го раскажало дете со кое Маркела била непосредно пред исчезнувањето.
Детето во придружба на родителите, со училишно ранче на грбот и со сендвич во раката ја потврдило вчерашната приказна.
Според неговите зборови, Маркела не се вознемирила ниту распалакала кога црвенокосата жена ја фатила за рака. Делувало како да се познаваат.
Исто така детето рекло дека жената била висока, со црна маица и црна јакна.
“Маркела, ако ме слушаш, сите пријатели те бараат и сите многу те сакаме”, рекло детето во своето обраќање.
Како што пренесува “Прототехна”, братот на 10-годишното девојче стоело пред полициската станица подолго од пет часа, колку што родителите на исчезнатото девојче давале изјава.
Мајката на 9-годишното ги напуштила просториите на полицијата и им се обратила на медиумите со порака дека девојчето е киднапирано при враќањето од училиште во 13:30 часот, и дека ќе направи прослава кога ќе биде пронајдено.
Таа рекла дека од дете кое е во истото одделение со Маркела слушнала наводни зборови за црвенокоса киднаперка.
„Дојди да и дадеш нешто на мама”. Затоа пружила рака – објаснила расплаканата мајка.