Почнувајќи од оваа пролет, Грција ќе примени нов систем за регулирање на уредените плажи и обезбедување пристап на јавноста.
Новите закони за плажите во Грција ќе стапат на сила пролетта 2024 година.
Според новиот закон, најмалку 50 отсто од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста – значи, без приватни лежалки.
Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината што се издава повеќе не може да биде поголема од 50 отсто од вкупната површина на плажата. Процентот дополнително се намалува за областите означени со „Натура 2000“.
Новиот систем има за цел да го реши прашањето за приватно окупирање на јавните плажи. Грчкиот устав го признава крајбрежјето на земјата како јавно добро, обезбедувајќи им на граѓаните неограничен пристап во секое време.
Посебно, новиот закон ги нагласува аспектите како што се чистењето на плажите, обезбедувањето услуги, пристапот до објектите и присуството на спасители, пишува „Рил Грик експириенс“ (Real Greek Experiences).