На подрачјето на Халкидики и Миконос се воведени итни мерки, пишуваат грчките медиуми.
-Се забрануваат забави, собирања, славења, литии и пазари;
-Се забранува собирање во групи во кои има повеќе од 9 луѓе на исто место, без разлика дали се работи за отворен или затворен простор;
-Во угостителските објекти се ограничува бројот на лица кои седат на иста маса, па може да се само четворица. Во случај да се работи за семејство на иста маса може да седат шест луѓе;
-Обавезно е носење маски и во затворени и на отворени простори (таму каде што не е можно физичко дистанцирање).
Исти рестриктивни мерки веќе се во сила на островите Парос, Андипарос и Порос.
Исто така, на сила останува и мерката за работа на продавниците и угостителските објекти до полноќ.
Новите мерки стапуваат на сила од петок и ќе траат до понеделник 31 август.