На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот што доцна синоќа се случи во срцето на Дебар Маало.
Граѓани преку Фејсбук сведочат дека станувало збор за групна тепачка меѓу млади лица. На видеото се гледаат турканици и во еден момент групата се растура.
Од МВР го потврдија инцидентот.
– Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул. Орце Николов, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.