Груевски шест години затвор за Белата палата, Божиновски условно осуден

by Тони Зографски

Судот ги прогласи за виновни во случајот „Талир 2“, поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

Никола Груевски доби казна затвор од шест години, а Божиновски условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело. Судот одлучи и да го конфискува имотот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com