Вчера се навршија 16 години од смртта на македонската музичка ѕвезда, Тоше Проески.
Екс премиерот Никола Груевски, на својот фејсбук профил сподели како се запознал со него, за нивната средба и за што разговарале.
Нашата прва средба беше не планирана некаде на почетокот во 2007 веројатно. Имавме странска делегација на ручек во скопскиот ресторант “Воденица” каде само што ги испративме на паркингот, чекајќи да дојдат нашите возила, пред нас се појави и застана возило, мислам дека беше некаков џип, кој го управуваше самиот Тоше. Погледите ни се сретнаа и тој се насмевна, застана, излезе од џипот, ни пријде на мене и уште два или три министри со мене, со еден благ и питом тон исполнет со смиреност и сигурност во себе започна една многу нормална, пријатна и човечка конверзација која траеше 7-8 минути бидејки тоа не попречуваше никого на паркингот.
“Да се запознаеме кога веќе сме лично толку многу блиску. Како сте?…” беа првите негови зборови. Претходно ние го гледавме како познат и успешен пејач кој кратко и по некој повод се појави во или малку пред кампањата на нашиот политички конкурент, па неговиот потег со приоѓањето малку не збуни, но само за неколку минути Тоше ги освои нашите срца пред се како човек, бидејќи како пејач веќе беше позната неговата големина.
Потоа го сретнав на неколку настани каде кратко и куртуазно ќе поразговаравме.
Некаде во септември 2007 година, неговата менаџерка побара средба кај мене заедно со него. Имаше некакви пишувања во еден дневен весник околу наводни неправилности во плаќањето даноци на некоја нивна фирма па тоа беше поводот за барањето средба.
На средбата неговата менаџерка ми образложи дека тоа што го пишува во весниците е невистина и јас одкако на ислушав веднаш ја поврзав со директорот на управата за јавни приходи за таму да ги расчистат тие работи.
Потоа Тоше побара од неа да останеме малку на само. Таа излезе од канцеларијата и тој започна конверзација на неколку теми.
Прво извади од торбата и ми поклони во шишенца, неколку примероци земја, осветена вода, масло и крст кој ги донел од Ерусалим од каде неодамна се вратил. “Знам дека сте верник и дека ќе ви се допадне ова ми рече”.
Со обзир дека веќе пред 9-10 години имав одено во Ерусалим разговаравме малку за тоа свето место и за Бог и неговата голгота.
Тоше со сигурност можам да потврдам дека беше верник, веруваше во Бог, се трудеше да живее по учењето на Исус и долго ми зборуваше околу тоа.
Веруваше дека треба да се биде добар човек, да се помага, да не се прави зло, да се работи чесно и да се биде искрен. Веруваше во тие вредности, Исус Христос беше во неговото срце.
Потоа ми раскажуваше за градба на манастир блузу Крушево зад која стоеше тој. Ми раскажуваше дека често уште како помлад пешачел таму и долго ми раскажуваше за живописноста на тоа место, и колку е убаво местото, погледот, воздухот. Таму му дошле многу идеи, планови кои со успех ги исполнил, таму имал многу убави чувства итн.
Ми кажа дека следниот чекор е таму во близина да се изгради голем крст кој ќе се гледа од далеку и од градот Крушево секако. Веќе имаше и проценка на трошоците. Вели “јас таму обезбедив се за да се заврши манастирот, но ми треба ваша помош за изградба на нов пат до манастирот и побара ако може да помогнеме и за изградба на крстотот”.