Екс премиерот и бегалец, Никола Груевски во вечерашното интервју на телевизија „Сител“ најави дека ќе пишува и мемоари. Тој рече „Оставете нешто и за моите мемоари“.
Инаку, Груевски вел дека неговите сопартијци биле под голем притисок, а како што најави, еден ден ќе се врати во Македонија.
-Луѓето се под тежок притисок. Власта владее само со уцени, со страв. Не им се лутам, мораат така да кажат и јас ги разбирам. Ја разбирам и Јанкулоска, таа е притисната, во таква ситуација каква што е, не и замерувам. Јас знам како мислела претходно, но нема сега да откривам и да правам споредби вели Груевски.