Поранешниот премиер Никола Груевски дефинитивно има вишок слободно време, па почна да пишува сè почесто долги статуси на Фејсбук. Овој пат тој се распиша за новиот автопат кој го поврзува Штип со Скопје.
„Да прашам, за тие што веќе го пробале, како е новиот автопат Скопје-Штип?“, вели Груевски, по што тој во негов стил, на долго пишува што и кој направил како и за судските процеси кои се водат поради автопатите. Ова што ме прогонуваат на суд и што Заев наредил да ме осудат, не е за овој, туку за другиот автопат меѓу Кичево и Охрид кој во време на ВМРО се заврши над 50 осто. Обвинението ми е дека…, внимавајте…, сум вршел влијание на соработниците за неговата градба да биде побрзо и да заврши пред наредните парламентарни избори кои требаше ако беа редовни да се одржат во 2015 година, и тоа сум го правел со цел да остварам “корист”, а користа отценија дека била дека тоа ќе сум добиел повеќе гласови на изборите. Овие рекетарите што сега се на власт, не ги интересира таква корист. По друга корист се тие.
Да, така ми гласи обвинението, а се “потепаа” на јавноста да и го престават дека било за корупција, проценти, провизии и слични лаги, со аудио матерјали извадени од контекст во кои се договара висината на гаранцијата за градбата. Снимки кои воопшто СЈО не ги предложи како докази во обвинението кон мене, а ги користеа само преку “независните” медиуми за политичко- пропагандни цели. Да не е трагично, би било само смешно“.
На крај, Груевски завршува во шегобит стил.
“Но, како и да е, нека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат. Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба. Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен! Поздрав од Будимпешта“, напиша Груевски.