Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи повторно преку социјалните мрежи од Будимпешта.
Тој напиша дека ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот „Поткуп”.
Според него Митко Чавков е невин и жртва на политички прогон и политички монтиран процес, како и многу други лица во тој предмет кој настанал како резултат на свесно и планирано незаконско бирање на претседател на Собранието, темпирано токму во време кога пред истото се одвиваат граѓански протести кои траеја помалку од два часа дневно.
„Процес во кој прво е договорена казната за Чавков и другите обвинети, а потоа е почната постапката и судењето, а Заев уште кога дојде на функцијата премиер даде изјава дека Чавков требало да бега од него, со која однапред кажа дека ќе биде прогонуван. Судењето е политичко и е чиста фарса“ – напиша Груевски на ФБ.
–