Артан Груби, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците му подарил кече на евроамбасадорот Самуел Жбогар, чиј мандат во земјава завршува.
Подарокот може да се види од фотографиите што беа објавени од средбата која се одржа денеска.
Груби, велат од неговиот кабинет, му посакал на Жбогар успех во понатамошната кариера и му порачал дека вратата во нашата земја му е отворена.