Денеска се навршуваат две години од смртта на Џорџ Мајкл, но на неговиот гроб во Северен Лондон и натаму нема споменик. Неговите обожаватели се многу лути поради тоа и коментираат декатоа е “срамно и непоштено“.
Џороџ Мајкл почина на католички Божиќ во 2016 години, а погребан е во март 2017 година, покрај мајка му, на гробиштата Хајгејт. На гробот е само сив крст од камен на неговата мајка.
По неговата смрт е откриено дека Џорџ донирал огромна сума пари во добротворни цели, а авторските хонорари од неговите најпознати синглови одат на сметката на Организацијата за сида во Лос Анџелес.