Грк од Крит дал крв на анализа во една болница во Хераклион, и останал во шок кога лекарот го повикал и му соопштил дека е труден.
Мажот овој случај го поделил со локалниот сајт “Неа Крити“.
Како што рекол, кардиологот ми наложил да направи анализа на крв, и кога му ги прочитал резултатите, го информирал дека е труден и дека резултатите се одлични.
Нормално, подоцна се испоставило дека се работи за грашка, односно се заменило неговото име со име на трудница.
Болницата тврди дека пациентот погрешно ги протумачил резултатите кои за него се наоѓале во првата колона, додека во втората биле за мажи, жени и трудници.