Пејачка, актерка, уметник, манекенка и модна икона, Грејс Џонс брилираше на модната ревија на Томи Хилфигер во Париз. Иако има 70 години тоа не ја спречи да ги стави во втор план многу помладите манекенки и да биде главен адут на новата колекција на модната куќа за која дизајнираше актерката Зендај.
Грејс се појави на пистата во металик јакна и златно боди. Цело време “ѓускала“ пред одушевената публика на музика од нејзината песна “Pull up to the bumper”.
И Ријана и Лејди Гага признаа дека Грејс Џонс им е е голема инспирација а кога Гага и понудила соработка, Грејс ја одбила, со образложение, дека не работи со плагијатори на нејзината работа.