Рускиот претседател Владимир Путин во текот на заседанието на енергетскиот форум во Москва во еден момент го спомнал страстниот говор на 16-годишната Грета, оценувајќи ја како“фина и многу искрена девојка, но лошо информирана”.
“Можеби ќе ве разочарам, но не ја делам вашата возбуда околу говорот на Грета Тунберг… Никој не ѝ објаснил дека современиот свет е посложен и поинаков. Луѓето во Африка или во некои азиски земји, на пр., сакаат да имаат услови како во Шведска“, изјави Путин на форумот.
Но младата активистка ни нему не му останала должна. Таа одговори со промена на својата куса биографија на Твитер, вметнувајќи ги зборовите на Путин.
-Љубезен, но недоволно информиран тинејџер, – се вели сега во описот на Тунберг.
Со оваа саркастична шега, таа само ја зголеми популарноста кај своите обожаватели тинејџери.
Инаку, Тунберг е номинирана за Нобеловата награда за своите заложби и дејност.
'When someone is using children and teenagers in personal interests, it only deserves to be condemned' – #Putin on #GretaThunberg https://t.co/TyiCO7V7k1 pic.twitter.com/AkupOmGgBQ
— RT (@RT_com) October 3, 2019