Граѓани кои вчера паркираа во подземниот паркинг на Градски трговски центар (ГТЦ) имаа мака да си заминат оттаму.
Автоматите за наплата на паркинг биле нефункционални, а работел само еден од нив, поради што се создала огромна колона.
Оние што заглавија чекајќи да ги земат колите велат дека со себе носат и деца, а немале кому да се пожалат дека останале заглавени.
Вчера службата за наплата не била присутна, каде може рачно да се наплати паркинг.
Откако се создал вистински хаос поради голем број на автомобили, наплатните рампи биле кренати и дел од нив си заминале бесплатно.