Утрово околу четири часот дошло до експлозија во Нов Загреб.
Според полицијaта станува збор за детонација на непозната експлозивна направа поставена покрај кафуле. Оштетен е угостителски објект и два прозорци од стан во близина. Неофицијално, хрватските медиуми дознаваат дека причина за експлозијата не е гас.
Нема повредени, а истрагата е во тек.
Очевидци јавуваат дека експлозијата била страотна и дека луѓето вознемирени излегле на улица. Веднаш дошла полиција и противпожарната служба која интервенирала.
Дел од луѓето кои живеат во населбата Травно мислеле дека станува збор за земјотрес, а таква информација е објавена на профилот на Твитер на сервисот ЕМСЦ кој ги следи потресите во целиот свет.