Граѓаните кои викендов ќе одат на вакцинација во Србија, не смеат да тргнат на пат за време на полицискиот час, пренесува СДК.мк.
Од Влада за СДК. велат дека воведените мерки важат за сите и дека дозвола за движење може да добијат само оние кои имаат итна потреба за медицинска помош.
„Обезбедени се вакцини. Со пристигнувањето на пратката од 24 илјади дози во рамките на Ковакс механизмот, почнува вакцинацијата на населението во земјава. Одлуката на секој граѓанин каде ќе се вакцинира е лична, а мерките за движење, важат за сите. Граѓаните кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа, треба да се најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи“, велат од Владата.
Од таму додаваат дека патниците кои се затекнати на граничните премини за време на полицискиот час се пропуштаат да влезат во земјава.
Вакцинацијата на странски државјани ќе започне викендов, а ќе се одржи на Белградскиот саем и во Нови Сад, а вакцините ќе бидат бесплатни за граѓаните од регионот вклучувајќи ги и македонските граѓани.
Претходно Србија обезбеди вакцини за 100 медиумски работници и за полицијата.