Град Скопје денеска почнува со уривање на галијата кај хотелот „Холидеј ин“.
Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полицијата.
Оваа одлука градоначалникот Шилегов ја донесе уште во месец јуни минатата година, кога го прекина договорот со сопственикот на бродот бидејќи не платил кирија за 4 месеци. Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали. Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.
Инаку, галиите кои се наоѓаат во реката Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“.