Во автомобил кој потполно изгоре во Вукманиќ, животот го изгуби една личност, соопшти денеска карловачката полиција.
Во тек е утврдување на сите фактори за овој несреќен случај, пренесуваат српските медиуми. Возилото е пронајдено на локален пат, на самиот крај кој води кон шума.