Градоначалникот на Смитс Стејшн во Алабама, почина откако наводно си го одзел животот, само неколку дена откако десничарската веб-страница објави фотографии на кои е облечен во женска облека и нашминкан. Ф.Л. „Баба“ Коупленд, свештеник во блиската црква и член на Републиканската партија, извршил самоубиство во петокот, пишува NBC News.
Коупленд побарал фотографиите да не се објавуваат, но веб-страницата го одбила неговото барање и продолжила со приказната два дена пред неговата смрт, пренесува бука.рс.
„Тоа што го правам во мојот приватен живот нема никаква врска со она што го правам во мојот свет живот. Дали има некаква врска со тоа што сум градоначалник, што понекогаш носам фустан или понекогаш се шминкам со тоа што сум градоначалник или свештеник?” го цитираа.
Конзервативната публикација зад приказната беше нападната од демократски сенатор, кој рече дека е „тажно и одвратно“ како се однесуваат кон Коупленд.
„Живееме во маѓепсан, горчлив свет каде што самобендисаните имаат тенденција да ги фрлаат најголемите камења“, додаде Даг Џонс во изјавата, како што пренесува Index.hr.
„Тој беше добар човек и одличен градоначалник кој го водеше малиот град Смит Стејшн низ тешките времиња на разорното торнадо пред неколку години“, рече тој.
Денеска треба да се изврши обдукција на телото на покојниот градоначалник, пренесува Sky News.