Градоначалникот на Оштина Конче од СДСМ, Благој Илиев на својот Фејсбук профил објави снимка во која се расправа со дополнителниот-заменик министер за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски .
„Денес, при неговата посета на Конче, го поканив да ја посети и нашата општина и заеднички да поразговараме за проблемите на земјоделците од општина Конче, за неговите обвинувања кон мојата мајка, но и за неговата улога во земјоделието. Поканата беше одбиена, но се сретнавме на улица. Му поставив само 3 прашања…
1. Дали некогаш работел и заработил од земјоделие?
2. Колку има заработено од земјоделие, а колку заработил од Министерството за земјоделие?
3. Дали вршел притисок врз земјоделците и дали правеше селекција за исплата на субвенции како Директор на државен инспекторат за земјоделство?
Наместо бараните одговори добив ароганција, цинизам, потсмев, понижување, дрскост…
Почитувани пријатели,
Ве молам, барајте одговори од Цветан Трипуновски на овие прашања.
Политичкиот профитер на грбот на земјоделците, Цветан Трипуновски, да престане да манипулира, лаже и да ги злоупотребува овластувањата во техничката Влада.” – напиша на Фејсбук, градоначалникот на општина Конче,
Инаку, пред два дена Трипуновски на прес-конференција обвини дека мајката на градоначалникот земала државно земјоделско земјиште под закуп и субвенции во два наврати, а притоа не го платила закупот.
Почитувани сограѓани и пријатели,Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, обвинет за криминал од 7.214.130 денари, ја обвинува мојата мајка за задоцнето плаќање на закупнина, за која патем и платила затезна камата. Каква иронија!Денес, при неговата посета на Конче, го поканив да ја посети и нашата општина и заеднички да поразговраме за проблемите на земјоделците од општина Конче, за неговите обвинувања кон мојата мајка, но и за неговата улога во земјоделието.Поканата беше одбиена, но се сретнавме на улица. Му поставив само 3 прашања: 1. Дали некогаш работел и заработил од земјоделие?2. Колку има заработено од земјоделие, а колку заработил од Министерството за земјоделие?3. Дали вршел притисок врз земјоделците и дали правеше селекција за исплата на субвенции како Директор на државен инспекторат за земјоделство?Наместо бараните одговори добив ароганција, цинизам, потсмев, понижување, дрскост…Почитувани пријатели,Ве молам, барајте одговори од Цветан Трипуновски на овие прашања. Политичкиот профитер на грбот на земјоделците, Цветан Трипуновски, да престане да манипулира, лаже и да ги злоупотребува овластувањата во техничката Влада.
Posted by Благој Илиев – градоначалник на општина Конче on Thursday, January 30, 2020