На социјалните мрежи се појави видео од охридската плажа „Градиште“, каде вчера „немаше каде игла да се фрли“.
Голем број на граѓани се присутни на познатата плажа, но забележливо е дека не се одржува дистанца ниту пак некој носи маска.
Во текот на вчерашниот ден имаше и жестоки реакции и за неодржувањето на хигиена на јавните простори во Охрид. Во езерото плива ѓубре што го фрлаат посетителите, а по тротоарите и улиците врие од смет, пластични шишиња, кутии од цигари и кеси преполни со ѓубре.
Добив снимка како изгледа Градиште денес! Ужас!
Posted by Goce Burzevski on Saturday, August 1, 2020