Американката Камерон Лајт (30) со години се мачела со големи гради кои тежеле околу 4,5 килограми и го оптоварувале нејзиниот ‘рбет.
По 12 долги години двоумење, Камерон Лајт конечно одлучи да плати повеќе од 11.000 евра за операција на гради, за време на која лекарите отстранија околу два килограми ткиво. Олеснувањето што го почувствувала било речиси неописливо, а таа пронашла голема поддршка на интернет.
„Веднаш се заљубив во моите нови гради. Почувствував олеснување во грбот и рамената штом се разбудив. Конечно можев слободно да дишам и првата ноќ по операцијата спиев без ‘рчење, горушица или рефлукс“, рече таа, опишувајќи колку добро се чувствувала веднаш по процедурата.
„Претходно, градите ми го деформираа грбот и вратот. Притискаа врз белите дробови и дијафрагмата. Беше исцрпувачки, и ментално и физички.“ Сепак, проблемите не била само физички. Поради нејзината голема тежина, нејзините гради виснувале, што луѓето околу неа го забележуваа.
„Луѓето многу гледаа. Мажите дури и отворено ги гледаа, директно во моите гради, а не во моето лице. На крајот носев повеќе градници одеднаш и постојано ги покривав градите со рацете“, рече Камерон, која живее во Флорида и работи како бабица.
Откако завршила со доењењето на нејзиниот син, таа конечно донела одлука.
„Му плачев на сопругот за тоа. Градите ми беа тешки, ме болеа и се чувствував многу поголема отколку што навистина сум“, се доверила таа.
Денес, таа вели дека конечно живее без сите тие проблеми и ужива во секојдневните работи што порано ѝ беа тешки.
„Можам да ги мијам садовите без градите да ми паднат во мијалникот и можам да носам само еден градник“, рече таа за големата промена во нејзиниот живот. Таа додава дека најголема поддршка добила преку Интернет.
