26-годишната американска музичарка Самер Вокер го украла целото внимание на свеченото доделување на ѓ„BET“ наградите поради своето разголено издание.
Таа на црвениот тепих се појавила топлес, а градите ги прекрила само со златни налепници и дополнително ги истакнала со накит. Ниту остатокот од нејзиниот аутфит не покривал многу – Самер носела мини здолниште од златни реси кое ги истакнувало нејзините тетовирани нозе.
Вокер се пофалила со изгледот и на Инстаграм на кој има повеќе од 4,6 милиони следбеници, а обожавателите ја опсипале со комплименти и лајкови.
Освен градите, во фокус се нашол и нејзиниот труднички стомак. Имено, Самер неодамна откри дека го очекува своето второ дете, а татко на детето е раперот „LVRD Pharaon“ со кој е во врска од крајот на минатата година.