Раперот и моден дизајнер Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (29) неодамна се појавија во еден од најубавите европски градови, Фиренца, привлекувајќи го вниманието на сите присутни со својот необичен начин на облекување.
Бјанка Ценсори, позната по својот австралиски шарм, предизвика возбуда кога излезе од автомобилот во бело трико, користејќи перница како прекривка за градите. Нејзиниот избор ги потсети сите на минатогодишните контроверзи кога со истата перница го покриваше своето деколте за време на нивното патување низ Европа. Тоа патување предизвика бројни контроверзии поради обвинувањата за недолично однесување во јавноста.Бјанка и овој пат во преден план го ставила задникот, но и долгите нозе токму поради екстремно отвореното трико кое не е наменето да се носи без панталони.
Додека Бјанка била во центарот на вниманието со својот смел моден избор, Канје, инаку поранешен сопруг Ким Кардашијан, избрал многу поскромна облека. Закопчан од глава до пети, Канје носел бел дуксер и соодветни тренирки.