Ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и нејзиното семејство, биле фотографирани во Мајами.
Иванка Трамп ја искористила можноста со семејството да отпатува во малку потоплите краеви, а папарацо фотографите ја фотографирале пред одење на плажа.
Како што може да се види од фотографијата, оваа 41-годишна бизнисменка носела црвено бикини кое ги нагласува нејзините гради и бели, ретро шорцови кои ги истакнуваат нејзините долги нозе.
Може да се каже дека Иванка има совршен вкус за мода и обожава дневни комбинации кои се на граница меѓу елегантно и провокативно, па често кокетира со нив.
Да ве потсетиме, Иванка е поранешна манекенка и успешна претприемачка која често споделува работни совети и ги инспирира луѓето да започнат свој бизнис.
Така во една прилика во интервју за „Бизнис инсајдер“ објаснила што е потребно за да станете успешен претприемач.
Прво истакнала дека неопходно е да работите напорно во раното доба од животот, за да пронајдете своја страст во работата која навистина сакате да ја работите.
„Страста тешко се открива низ интроспекција. Мора да имате искуство, да учите во реално време и низ искуства кои ви предизвикуваат чукање на срцето“, објаснила ќерката на поранешниот американски претседател.