Лиде Лиде, жената која македонската јавност ја запозна од пресовите на министерот за здравство, Венко Филипче, откако редовно оставаше коментари колку е вљубена во него, сега сними и песна за него.
Песната е насловена како „Лиде на Венко“. Текстот и музиката се нејзини, а песната е снимена во студио кај Димитар Маневски.
Инаку, Лидија Гиновска стана популарна во април минатата година кога преку Фејсбук му упати покана на министерот Филипче дека гори од желба да го види и да испијат заедничко кафенце. По ова таа буквално стана хит на социјалните мрежи и речиси на секој прес го покануваше министерот на кафе и имаше нејзини коментари.