Канадскиот политичар и пратеник Вилијам Амос бил фатен на камера како уринира за време на виртуелна парламентарна седница.
По инцидентот се извинил преку својот Твитер профил.
„Уринирав без да сфатам дека сум пред камера. Навистина се срамам од своите постапки и срамот што му го предизвикав на секој што можеше да го види тоа“, напиша тој во објавата што ја споделил на Твитер.
„Иако инцидентот не е видлив за јавноста, ова беше целосно неприфатливо и се извинувам“, додал тој.
Ова е вторпат за еден месец и половина Вилијам Амос да биде фатен гол пред камерите. Канаѓанецот се појави целосно гол на состанокот на Долниот дом на канадскиот парламент одржан преку „Зум“ кон средината на април.
Сликата од снимката на видео-повикот стана вирална на Интернет.
„Денес направив грешка што ме направи да се чувствувам многу непријатно. Мојот камера случајно остана вклучена додека се пресоблекував откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на колегите. Тоа беше случајна грешка што нема да се повтори“, напишал тој на Твитер по првиот инцидент.