Двајца жители на Флорида ја признале вината за кражба на личниот дневник и уште некои предмети кои и припаѓале на ќерката на претседателот на САД Џо Бајден, Ешли, соопштило американското министерство за правда.
Ејми Херис од Палм Бич и Џонатан Курландер од местото Јупитер на Флорида се изјасниле како виновни по обвинението за заговор со цел да се изврши меѓудржавен транспорт на украден имот, за што е предвидена максимална казна од пет години затвор.
„Ги продале нејзините предмети на една организација во Њујорк за 40.000 долари и дури и се вратиле по уште. Херис и Курландер сакале да профитираат од кражбата на имотот на друго лице, поради што се товарат за федерално кривично дело“, додава министерството за правда.
Ешли Бајден се селела од куќата на пријател во Делреј Бич на Флорида пролетта во 2020-та година, каде оставиле дневник, даночни документи, дигитален уред со семејни фотографии, мобилен и уште неколку предмети, соопштило обвинителството.
Обвинителството додава дека обвинетата Херис потоа се вселила во просторијата во која живеела Ешли, ги украла предметите, стапила во контакт со Курландер, кој потоа организирал транспорт и продажба на предметите во Њујорк, на организација која себеси се смета за новинска.