По минатогодишното виртуелното доделување, 73-тото издание на Еми наградите се одржа во живо, па годинава имавме можност да уживаме во креациите од црвениот тепих.
Доделувањето се одржуваше во Лос Анџелес, а поради пандемијата бројот на присутни бил ограничен на „само“ околу 500. Истовремено, сите присутни морале да покажат потврда за вакцинација или негативен тест.
Можеби најголема ѕвезди на настанот беше Кетрин Зита-Џонс .
Актерката пристигнала рака под рака со сопругот Мајкл Даглас, а нема сомнение дека тие беа едни од најзабележаните, но и најстилизирани парови во Лос Анџелес.
Иако Мајкл и Кетрин изгледаа совршено хармонично на сите фотографии, на социјалните мрежи врие од коментари дека сепак, Кетрин „го украла шоуто“ и од нејзиниот сопруг и од помладите актерки и актери. Како што пишува „ЕТ“, Даглас на црвениот тепих изјавил дека не може да поверува колку среќа има.
За оваа пригода, Кетрин одлучи да претстави совршено гламурозен стајлинг. Всушност, таа совршено се вклопила со црвениот тепих. Актерката носеше прекрасен фустан во боја на вино, без прерамки, со многу суптилно нагласено деколте и длабок шлиц што ја покажа нејзината совршена фигура. Овој модел го потпишува Кристина Отавиано, а фустанот одлично се согласувал со салонките на Кристијан Лубутин во иста бургундска нијанса.
Од накитот го избрала на Лорен Шварц: дијамантски ѓердан и прстен што одговара на остатокот од стајлингот.
Comments are closed.