Две лица се убиени, а според првите информации станува збор за момче кое си ги убило братот близнак и таткото, кој е познат адвокат во Северна Митровица.
Злосторството се случило на улицата „Крал Петар“ во Северна Митровица утрово околу шест часот, а на него му претходела караница.
Портпаролот на косовсната полиција Бранислав Радовиќ потврди дека во инцидентот учествувале двајцата браќа близнаци родени во 1993 година и нивниот татко.
Тој наведе дека нападот бил изведен со ладно оружје, а напаѓачот е уапсен и е во притвор.
Напаѓачот М.Б. во семејниот стан прво го нападнал својот брат близнак У.Б., а потоа и неговиот татко М.Б. Од здобиените повреди на самото место починал У.Б., додека во болница починал таткото.
Полицијата го третира настанот како тешко убиство и очекува истрагата да го открие мотивот за насилството и убиството во ова семејство.