Пензионер (69) од Земун одлучил лукаво да го избегне зголемувањето на цената на горивото и нафтените деривати, па изградил илегална бензинска пумпа во дворот на својата куќа.
Кога полицијата провалила во дворот, го пронашла сопственикот на илегалната бензинска пумпа и неговиот „клиент“ кој во тој момент полнел гориво. Полицијата заплени околу 20 тони нафтени деривати, две брусилки и камион со цистерна во која имало околу илјада литри нафта.
Запленети се и 5.400 евра и пиштол, а против него е поднесена кривична пријава. Нелегалната пумпа е затворена до понатамошно известување.