Дедото и бабата и вујкото на 12-годишниот Џејмс Алекс Харли во американската држава Монтана се обвинети за негово убиство. Како што јавува Си-Ен-Ен, полицијата нашла докази дека тројката го мачела детето.
Имено, последните две години Џејмс живеел со дедо му Џејмс Сесер и баба му Патриција Батс и нивниот 14-годишен син. Снимките од мобилниот покажале дека оваа “тројка“ го терала момчето да прави склекови, да стои гол пред вентилатор, го прскала со спреј со непозната содржината, а храната ја заклучувале од него.
-Мислам дека континуираната тортура и премлатување оставиле последици кои го одведоа детето во смрт – изјавил заменик држвниот обвинител Бјорн Бојер.
Освен “тројката“ уапсен и уште едно 18-годишни момче на кое на една од снимките се гледа како го тепа Џејмс со весло.
Аутопсијата на телото на Џејмс докажала дека детето починала од удар во задниот дел на главата. Дедо му изјавил дека тој ден отишол рано на спиење, а неговиот син и Џејмс се степале. Утредента неговата жена му кажала дека детето е мртво.