Легендата на Холивуд, Ал Пачино (80) беше фотографиран на јавен настап кога неодамна се пријави во хотелот „Хилтон“ во Беверли Хилс. Имено, славниот актер беше фотографиран за прв пат откако заспа за време на „Зум“ преносот на Златните глобуси, а тоа видео стана вирално.
Актерот сега е сликан во црна маица, морнарски панталони и црн дуксер, а тој носи црни патики. Во раката носи мобилен телефон и преносен полнач, а кога влегол во автомобилот, на лицето ставил кафени очила.
Пачино, иако има 80 години, е многу активен на филмски настани. Минатата година, поранешната девојка на славниот актер, кој е 39 години помлада од него, откри зошто нивната врска е осудена на пропаст.
По скоро две години дружење, израелската актерка Мејтал Дохан (41) за еден локален магазин изјави дека раскинала со славниот актер поради преголема разлика во возраста.
– Тешко е да се биде со толку стар човек, макар и тоа да е Ал Пачино – рече актерката за израелскиот магазин „Ла Иша“.
– Разликата во возраста е преголема. Се обидов да го игнорирам тоа, но, да бидам искрена, тој сега е стар човек. И со сета моја љубов, тоа не преживеа – додаде таа.
Дохан исто така рече дека Пачино не и купувал многу подароци.
– Ми купи само цвеќе. Како можам учтиво да кажам дека не сака да троши пари? – рече тогаш Мајтал.