Пејачката Доџа Кет организирала забава по повод својот 27-ми роденден, а темата секако била – маскенбал.
Доџа Кет се појавила во црна долга наметка и венецијанска маска, но кога излегла од забавата и седнала на задното седиште од својот автомобил, случајно открила дека не носи ништо под наметката.
Под венецијанската маска, Доџа го обоила лицето во бела боја, со внимателно исцртани усни и нагласени очи.
Пејачката која неодамна ја избричи главата, по повод забавата носела долга портокалова перика.
Светските медиуми пренесоа дека на забавата присуствувале многу познати девојки како Кендал Џенер, Хајли Бибер итн.
Доџа Кет е позната по тоа што успешно му одолева на трендот за разубавување по хируршки пат, па во 2018 година изјави:
„Постојат некои мали нешта кои би ги поправила на себеси, размислував за екстензии на трепките. Сигурно не би ги коригирала усните, носот или градите, само некои ситни корекции“.