Една од најубавите светски глумици Моника Белучи во инјтервју за магазинот „Elle France“ ја потврди врската со режисерот Тим Бартон.
„Што да кажам… Пред се, мило ми е што го запознав овој човек. Ова е едно од оние познанства што ретко се случуваат во животот. Го познавам овој човек, го сакам“, изјавила 58-годишната актерка за 64-годишниот режисер, коментирајќи ги гласините за нивната романса.
Актерката признала и дека ѝ се допаѓа режисерската визија на Бартон.
„Го сакам неговиот бајковит свет каде чудовиштата се љубезни, како да можеме да ги претвориме нашите темни страни во нешто светло, кое простува. Филмовите на Тим Бартон зборуваат многу за тоа“, објасни Белучи.
Сега Моника Белучи работи со Тим Бартон во филмот „Beetlejuice 2“, снимањето се одвива во Лондон.
Дека актерката е во романтична врска со филмскиот режисер првпат беше објавено во февруари оваа година, кога магазинот Paris Match објави папарацо фотографии од парот на прошетка низ Париз. Се претпоставува дека романсата започнала по средбата на 14-тиот филмски фестивал „Браќата Лумиер“, кој се одржа минатиот октомври во Лион, Франција.