Девојка по име Џејн Марчевски (30), завчера се појавила во познатото музичко шоу „America’s Got Talent“ и извела авторска песна која си ја посветила на себе.
Во песната се зборува за нејзината борба со канцерот, а истата ги трогна сите гледачи на ова музичко натпреварување.
„Како се чувствуваш сега?“, ја прашал Сајмон Кауел младата девојка, откако дознал дека се бори со оваа сурова болест.
Таа открила дека на последниот преглед ѝ биле откриени метастази, како и дека лекарите ѝ рекле дека има само 2% шанси да преживее.
Оваа неверојатна девојка, публиката ја освоила со својата убавина и оптимизам, но и неверојатни гласовни способности.
Жирито и публиката завршиле во солзи, а погледнете во видеото што направил Сајмон за оваа неверојатна девојка.