930
Докторот на Диего Марадона откри како изгледале последните часови на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Имено, Марадона се разбудил околу 10 часот, што е порано од вообичаено, станал, испил малку вода и го прошетал кучето.
После тоа се вратил во креветот, но лековите кои ги испил не му помогнале, па веднаш била повикана брза помош.
За жал, не можеле да му помогнат. Веднаш започнале постапка за реанимација, но веќе било доцна…
Инаку, Диего Марадона вчера почина на 60-годишна возраст од срцев удар.
