Ќерката на Џон Траволта, Ела Блу Траволта го прослави слави својот 23 роденден.
Убавицата ја организирала прославата за време на викендот во ресторанот Мастрос во Лос Анџелес, а штом се појави на вратата од ресторанот го привлече вниманието на папараците.
Убавата Ела Блу на роденденската забава се појавила во црни чизми над колена, носени во комбинација со црн фустан со цветен дезен.
Татко ѝ не сакала да ја пропушти нејзината прослава. Траволта пред ресторанот трпеливо давал автограми и позирал со насобраните фанови, додека дежурните папараци се обидувале да ја „уловат“ неговата 23-годишна ќерка.
Инаку, Џон Траволта ја доби Ела во бракот со Кели Престон, која ја загуби двегодишната битка со ракот на дојката во јули 2020 година. Траволта и Престон го имаат и 10-годишниот син Бенџамин, додека нивниот син Џет почина на 16-годишна возраст, во јануари 2009 година.