Во водите на Егејското море вчера напладне на Халкидики, поточно во Куцупија Санис, влета автомобил, јавуваат грчките медиуми.
Имено, човекот што возел малку се занел, го промашил патот и завршил во морето. За среќа никој не е повреден, и како што е наведено во описот на фотографијата, од автомобилот сами излегле маж (78) и жена (58) и не пријавиле повреди.
Прелиминарна истрага ја врши пристанишен оддел на префектурата Неа Мудања при Централното пристаниште во Солун.