Го пријавила исчезнувањето на своето момче, за да го најде оженет, со три деца (ФОТО)

by Тони Зографски

Рејчел Вотерс моментално живее во Кина, каде го запознала своето момче Пол Мекги. Но, Рејчел била избезумена кога Пол отишол во Обединетото Кралство да го посети своето семејство и никогаш не се врати.

Шест недели по неговото заминување, Рејчел на социјалните мрежи и на Фејсбук групата на неговиот роден град напишала дека го бара Пол кој не се јавил  откако ја напуштил Кина. Покрај очајниот апел, таа објави и нивна фотографија со текст: „Се плашам дека нешто му се случило“.

„Моето момче Пол Мекги и јас живееме во Шенжен, Кина. Тој отиде дома во Обединетото Кралство на почетокот на април за да го посети семејството и досега требаше да се врати во Кина. Сепак, одамна немам слушнато со него и загриженa сум дека нешто не му се случило. Ако некој знае нешто, ве молам да ме извести“, напиша таа.

Еден пријател на сопругата на Пол ја видел објавата и открил дека Пол е оженет и има деца.

Пријателите на Пол открија дека Пол (40) престојувал во Кина кога започнала пандемијата и дека поради тоа не се вратил дома две години. Откако пандемијата стивнала, Пол се вратил дома кај сопругата и децата.

Откако ја дознала вистината, Рејчел ја избришала пораката од Фејсбук и продолжила со својот живот. Сепак, многумина и испратија пораки со поддршка во кои пишуваат дека заслужува подобро.

останати вести