Во полициска станица во Белград жена го пријавила својот маж кој живеел со својата мајка во исто двориште, дека ископал голема дупка во неговата гаража.
Како што пишува Курир. рс, Р. П. го пријавила нејзиниот сопруг С.П. кој живеел со мајка му (87) дека ископал голема дупка во неговата гаража, и според неа, во неа ја закапал мајка му која подолго време ја нема.
Соседите изјавиле дека не ја виделе жената повеќе од еден месец, а нејзиниот син бил невработен.
Наводно, старицата примала висока девизна пензија, па има сомнеж дека синот сакал и понатаму да пристигнува пензијата.
Полицијата направила увид во куќата и ја пронашол затрупаната дупка во гаражата.
-С.П. тврди дека мајка му умрела пред 12 дена од природна смрт и дека тој ја погребал – велат во полицијата.
Истрагата е во тек, и после обдукцијата ќе се знае дали старицата починала од природна смрт или пак од насилна смрт.
фото: курур.рс